Woodprocessing Machinery / Intermob

ИСТАНБУЛ 2010
Меѓународен саем за машини за обработка на дрво, рачен алат, сировини и репроматеријали, мебел и индустрија за обработка на дрво и др.
Земји учеснички: Австрија, Белгија, Бугарија, Канада, Данска, Франција, Германија, Грција, Хонк Конг, Иран, Италија, Јапан, Кореја, Луксембург, Малезија, Португалија, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Тајван, Тајланд, Холандија, Кина, Велика Британија, САД, Турција и др.

1 ден – 17.10.2010 (недела)
Поаѓање од Скопје од Дрводекор во 04.00 часот, од Велес во 05.00 часот од пред стоковна куќа НАМА. Се патува преку граничен премин Дојран и Грција со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Истанбул, сместување во хотел,слободно попладне за одмор и  разглед на градот. Слободна вечер или (факултативно) посета на национален ресторан, ноќевање.

2 ден – 18.10.2010 (понеделник)
Појадок од 09.00-09.30 часот и организирана посета на саемот до 19.00 часот, враќање во хотел, слободна вечер, ноќевање.

3 ден – 19.10.2010 (вторник)
Појадок, од 09.00-09.30 часот, организирана посета  на саемот или слободно време за разглед на Истанбул, во 16.00 часот поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Грција со куси попатни паузи за одмор и царински формалности.

4 ден – 20.10.2010 (среда)
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  8.500 ДЕНАРИ

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички минибус со тв, двд и клима.
  • Сместување во Истанбул во хотел со 3* на база на две ноќевања со појадок во двокреветни соби.
  • Трансфери на релација хотел – саем – хотел.
  • Доплата за еднокреветна соба е 3.000 денари.
  • Организација и водство на патот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за саемот.
  • Факултативен разглед на градот.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 патника.
  • За овој аранжман важат општите услови пропишани од агенцијата.

Последен рок за пријавување е 11.10.2010 година