БЛАГОЕВГРАД – РИЛСКИ МАНАСТИР – МЕТРО

САБОТА
Поаѓање од Скопје во 04.00 часот од Дрводекор, во 05.00 часот од пред стоковна куќа НАМА во Велес. Се патува преку граничен премин Делчево. Пристигнување во Благоевград и слободно време за шопинг или разглед на градот. Во 14.00 часот поаѓање за Рилски манастир. Пристигнување околу 15.00 часот, разглед на манастирот до 17.00 часот шопинг во големиот трговски центар МЕТРО и ТЕХНО МАРКЕТ. Во 20.00 часот поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.450 ДЕНАРИ
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз на наведената релација со високо туристички автобус / минибус со тв, двд и клима уред
- Организација и водство на патувањето
- Водич од агенцијата во Рилски манастир.
Напомена:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 12 патника.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување пропишани од Агенцијата.

Последен термин за пријавување е најмалку петнаесет дена пред поаѓање