Солун – Паралија – Метеори

1 ден
Поаѓање од Скопје во 06.00 часот од пред Дрводекор. Се патува преку граничен премин Гевгелија. Пристигање во Солун и слободно време за шопинг или разглед на градот и неговите културно историски знаменитости со професионален водич (факултативно). Посета на Белата кула, Римскиот форум, Стариот град со замокот и црквата Свети Димитрија. Во 16.00 часот организирана посета на големиот шопинг центар КОСМОС. Во 19.00 часот поаѓање за Паралија. Сместување во хотел, ноќевање или по желба факултативна посета на Грчки национален ресторан – Таверна.

2 ден
Појадок од 08.00 – 08.30 часот и во 09.00 часот поаѓање за Метеори и посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високите камени карпи. Во попладневните часови заминување за Македонија со посета на црквата Св. Петка во клисурата Темби – клисура на љубовта. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4.500 ДЕНАРИ

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
-    Превоз со високо туристички автобус / минибус на наведената релација.
-    Сместување во хотел со 3* во Паралија на база на ноќевање со појадок во двокреветни соби.
-    Организација и водство на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-    Влезници за манастирот во Метеори за што се доплаќа околу две евра.
-    Факултативна вечера во национален ресторан Таверна по цена од 20  €.
-    Доплта за еднокреветна соба е 35 €.
-    Доплата за локален водич низ Солун 5 €.
Напомена:
-    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 12 патника.
-    За овој аранжман важат Општите услови за патување пропишани од Агенцијата.