Солун – Паралија – Воден

1 ден
сабота    Поаѓање од Скопје во 06.00 часот од пред Дрводекор. Се патува преку граничен премин Гевгелија. Пристигање во Солун и слободно време за шопинг или разглед на градот и неговите културно историски знаменитости со професионален водич (факултативно). Посета на Белата кула, Римскиот форум, Стариот град со замокот и црквата Свети Димитрија. Во 16.00 часот организирана посета на големиот шопинг центар Царрефоур до 17.00 часот. Поаѓање за Паралија сместување во хотел, слободна вечер или факултативно, посета на Грчки национален ресторан (таверна).

2 ден
недела    Појадок од 09.00 – 09.30 часот, поаѓање за Воден и  посета на неговите прекрасни водопади. Во попладневните часови заминување за Македонија и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.750 ДЕНАРИ

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
-    Превоз со високо туристички автобус / минибус на наведената релација.
-    Сместување во хотел со 3* во Паралија на база на  ноќевање со појадок.
-    Организација и водство на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-    Доплата за локален водич во Солун  – 5 евра.
-    Посета-вечера во Таверна – 20 евра.
-    Доплата за еднокреветна соба е – 25 евра..

Напомена:
-    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 патника.
-    За овој аранжман важат Општите услови за патување пропишани од АТАМ.

Последен рок за пријавување е десет дена пред поаѓање на групата.