Патот на Виното

09.00 часот
Поаѓање од Скопје од пред Дрводекор, од Велес во  09.45 часот пред стоковна куќа НАМА. Се патува по долината на реката Вардар која ги поврзува старите градови Скупи, Вила  Зора, Стоби  и Пела.

10.15 часот
Пристигнување во Стоби, мал одмор , потоа посета – разглед на еден од најдобро сочуваните архелошки градови во Македонија кој потекнува од 3 век од нашата ера, а кој се поврзува со два Македонски кралеви Филип 2 и Филип 5. Овој град за време на Римската империја имал голема важност и бил еден од нај важните градови во тоа време во светот.

12.00 часот
Поаѓање за Кавадарци. Пристигнување во Винарија Грков. Запознавање со процесот на изработка на вино, дегустација и ручек, според претходно прифатеното мени. Во вечерните часови поаѓање за назад.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 990 ДЕНАРИ

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
-    Превоз со високо туристички автобус / минибус на наведената релација.
-    Организиран разглед на Стоби со Кустос.
-    Организација и водство на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-    Ручек и дегустација во винарската визба Грков во Кавадарци (према претходно одбрано мени)

Напомена:
-    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 патника.
-    За овој аранжман важат Општите услови за патување пропишани од агенцијата.

Последен рок за пријавување е најмалку четири дена пред поаѓање на групата.