Златибор – Сирогојно – Дрвен Град


четврток
Поаѓање од  Велес во 23.00 часот од пред стоковна куќа НАМА.Од Скопје во 23.45 часот пред ВИП хотел.  Се патува преку граничен премин Табановце со куси попатни паузи за одмор и царински формалности.

петок
Пристигнување на Златибор во претпладневните часови.Сместување во хотел и мал одмор.Ручек. Потоа прошетка низ центарот на Златибор, или возење со педалинки по езерото.? Во вечерните часови вечера или посета на национален ресторан со музика . Ноќевање.

сабота
Појадок, од 09.00-09.30 часот  и потоа посета на музејот под отворено небо “Старо Село” во  Сирогојно и на пазарот каде што можат да се видат и купат уникатните модели на плетени производи од вредните раце на вештите плетачки од Сирогојно. Околу пладне поста на “Стопиќка пештера”. Пештерата е долга 2.000 метри со висина на сводот од 50 метри и низ неа протекува водопад во форма на каскада од рекичката Понор кој што се вика “Извор на животот”Во Вечерните часови враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

недела

Појадок. Потоа посета на Дрвенград на Меќавник, етно село изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица , за потребите на снимањето на филмот” Животот е чудо”. Околу пладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 8.900 ДЕНАРИ

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус/минибус со тв, двд и клима.
  • Сместување во  хотел со 3* на база на два полупансиони во двокреветни соби..
  • Организација и водство на патот.
  • Посета на Сирогојно, Стопиќка пештера и Дрвенград на Мокра гора.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Вечера во национален ресторан со музика.
  • Влезен билет за Стопиќка пештера , етно музејот Старо село и Дрвенград

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 патника.
  • За овој аранжман важат општите услови пропишани од агенцијата.

Последен рок за пријавување е најмалу десет дена пред поаѓање на групата