Ниш – Нишка Бања

Поаѓање од пред стоковна куќа НАМА во Велес во 05.00 часот, од Скопје во 06.00 часот од пред ВИП хотел. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Ниш околу 09.00 часот. Организирана посета на старата Нишка тврдина која датира од првата половина на 15-ти век. Во 11.00 часот прошетка низ центарот на Ниш и слободно време за шопинг низ продавниците и големиот трговски центар КАЛЧА. Во 14.00 часот посета на историската Ќеле кула која е изградена после битката на Чегар во 1809 година и посета на Нишка Бања. Поаѓање за Лесковац и посета на најголемиот Кинески шопинг центар во Србија  ЦХИНА СХОППИНГ. Во вечерните часови поаѓање за Македонија.Попатна посета на мотел Предејане каде што може да се проба Српскиот специјалитет – лепиња со кајмак. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот : 1.500 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус / минибус на наведената релација
  • Водич во Ниш од агенцијата.
  • Влезен билет во локалитетот Ќеле кула и објаснување од кустос.
  • Организација и водство на патувањето

Напомена:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 12 патника.
  • На ваше барање може да се организира и ручек во Ниш по цена од 800 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување пропишани од агенцијата.

Програмата може да се реализира во термин кој што вие  ќе го одредите со најава најмалку пет дена пред поаѓање на групата