Лесковац – Ниш – Нишка Бања

САБОТА
Поаѓање од пред стоковна куќа НАМА во Велес во 06.00 часот, од Скопје во 07.00 часот од пред ВИП хотел. Се патува преку граничниот премин Табановце  со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Лесковац и посета на најголемиот Кинески шопинг Центар на Балканот. Околу пладне поаѓање за Ниш. Пристигнување во Ниш, прошетка низ центарот на Ниш и слободно време за шопинг низ продавниците и големиот трговски центар КАЛЧА. Во попладневните/вечерните часови  сместување во хотел, вечера со музичка програма. (факултативно)

НЕДЕЛА
Појадок. Разглед на старата Нишка тврдина која датира од почетокот на 15-ти век.Посета на големиот шопинг центар ТЕМПО. Околу пладне поаѓање за Нишка Бања. Прошетка и разгледување на Нишка бања и спомен обележјето Ќеле Кула и нејзините знаменитости. Во  попладневните  часови поаѓање за Македонија.Попатна посета на мотел Предејане каде што може да се проба Српскиот специјалитет – лепиња со кајмак. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот е 4.100 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус / минибус на наведената релација
  • Водич во Ниш од агенцијата.
  • Организација и водство на патувањето
  • Едно ноќевање со појадок во хотел со 3*

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Вечера во Ниш.
  • Влезен билет во локалитетот Ќеле кула и објаснување од кустос.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 12 патника.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување пропишани од АТАМ.

Програмата може да се реализира во термин кој што вие  ќе го одредите со најава најмалку пет дена пред поаѓање на групата