Санторини – со превоз

САНТОРИНИ

(12 дена – 9 ноќевања со појадок + автобус + брод)

Санторини е еден од 10 најроматични дестинации во светот. Симбол на грчкиот туризам претпознатлив по куќичките од бел камен со плави кровови. Ова необично острво, создадено после големата вулканска ерупција пред 2500 години, денес привлекува туристи од целиот свет како една од 10 најатрактивни дестинации за венчавки. Сред Егејското море во нестварен амбиент, островот зрачи со мир и опуштеност.

Во предвечерните сати ви дава прилика да уживате во  најубавото зајдисонце со чаша вино на многубројните тераси.

01 ден  Скопје-Атина (Пиреа)

Состанок во 16.30 часот на паркинг пред хотел Холидеј Ин. Тргнување од Скопје во 17.00 часот.

02 ден  Атина (Пиреа) – Санторини (брод)

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Средба со нашиот преставник. Поаѓање за Санторини со брод со ”BLUE STAR” во 07.20 часот. Пристигнување во Санторини во 15.15 часот. Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

03 ден – 10 ден  Санторини

Појадок. Слободни активности и можност за организирање ФАКУЛТАТИВНИ излети. Ноќевање.

11 ден  Санторини – Атина (Пиреа)

Појадок. Слободно време. Трансфер до пристаниште. Поаѓање за Атина (Пиреа) во 15.30 часот. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.30 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје.

12 ден Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Во цената е вклучено:

Период Услуга цена за со автобус цена за со мини бус
05.07.-16.07.11 9 BB 395 455
14.07.-25.07.11 9 BB 465 485
23.07.-03.08.11 9 BB 485 495
01.08.-12.08.11 9 BB 485 495
10.08.-21.08.11 9 BB 485 495
19.08.-30.08.11 9 BB 485 495
28.08.-08.09.11 9 BB 395 455
06.09.-17.09.11 9 BB 365 385
15.09.-23.09.11 7 BB 320 345

- превоз со автобус (мини бус) на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.

- превоз со брод на релација Атина (Пиреа) – Санторини –    Атина (Пиреа) – економска класа

- трансфер пристаниште-хотел-пристаниште + ВОДИЧ

- 9 ноќевања со појадок  во 1/2 и 1/3 соби по лице за сместување ( www.robertosvillas.com ; www.petranera.gr ; www.amaryllis-santorini.com )

- организација на аранжманот и пратител на групата

- асистенција на локален водич за целиот престој на македонски јазик

Во цената не е вклучено:

- факултативни излети (со водич на македонски јазик)

- патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Попусти:

- деца од 02-10 години – 40% (60% плаќаат)

Доплати:

- за 1/1 соба +70% од цената

БРОДСКИ ПРЕВОЗ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ:

-за авионски седишта – 10 еур, бизнис класа – 25 еур, кабина од 40 -60 еур

-за автомобил 90 – еур, мотор  28 еур, мотор на 4 тркала 52 еур

Напомена:

- за реализација на аранжманот потребно е минимум 40 патници – автобус или минимум 14 патници – мини бус

- цените се дадени во евра по лице, плаќање во денарска противредност 1 еур = 61,80 мкд

- го задржува правото на промена на цена и програма во случај на виша сила